wp author box

Додавање на поле со информации за авторот во WordPress со код

Објавено на Posted in Wordpress

Додадете поле со информации за авторот на крајот од секој напис за да ги информирате вашите читатели за тоа кој сте и што правите. Ако вашата тема нема вградена функција за поле со информации за авторот, сепак едноставно е да го додадете на вашата веб страница користејќи додатоци за поле за автор (plugins) или директно направете го тоа рачно уредувајќи го кодот на вашата тема.
Пред да го направите тоа, сепак, треба да додадете автори или корисници преку работната табла Users > Add New. Или ако вие сте автор, одберете Users> Your Profile.

Edit User

Денес станува се помодерно во полето за авторот да се вклучат популарните социјални мрежи Facebook, Twitter, Google+, Linkedin итн. Тоа може да се направи наједноставно ако информациите за социјалните мрежи се внесат во профилот на корисникот.

Стандардно, WordPress не доаѓа со достапните полиња за внесување во кои можете да ги додаде овие кориснички информации во делот за контакти.Како можете да додадете во корисничкиот профил нови полиња за внесување во кои корисникот може да внесе информации за социјалните медиуми, може да прочитате тука.

Кога се внесени сите информации во профилот на корсникот/авторот, тогаш може да креирате поле за авторот што ќе се појави под сите написи .
Ако рачно додадете поле за автор , ќе треба да направите промена во CSS и PHP датотеките.
1. Додајте го следниов PHP код во single.php на вашиот шаблон (template) внатре во јамката (loop).

<div id="author-info"> 
    <div id="author-avatar"> <?php echo get_avatar( get_the_author_meta('user_email'), '90', '' ); ?></div> 
    <div id="author-description"> <h3> <?php the_author_link(); ?> </h3> <?php the_author_meta('description'); ?></div> 
    <div class="author-icons"> 
        <a href="<?php the_author_meta('facebook'); ?>" class="author-facebook"> <img src="/wp-content/uploads/icon-facebook.png" alt=" Facebook" /></a> 
        <a href="<?php the_author_meta('twitter'); ?>" class="author-twitter"> <img src="/wp-content/uploads/icon-twitter.png" alt="Twitter" /></a> 
        <a href="<?php the_author_meta('googleplus'); ?>" class="author-googleplus"> <img src="/wp-content/uploads/icon-googleplus.png" alt="Google+" /></a> 
    </div> 
</div>

2. Следниот и последниот чекор е да го уредите CSS стилот на темата. Одете на Appearance>Editor и додадете во следниот CSS код во датотеката style.css или custom.css.

#author-info { float: left; padding: 20px; margin-bottom:30px; -moz-border-radius: 5px;border-radius: 5px; border: 1px solid #e1e1e1; overflow: hidden;} 
#author-info .avatar { position: relative; top: 0; left: 0; float: left; border-radius: 50%; } 
#author-description { margin-left: 100px; margin-bottom:10px; } 
#author-description h3 { margin-top:0px;margin-bottom:10px;}

 

Rada Arshinkovska

I create modern, high quality, responsive search engine friendly websites, beautifully crafted for my client needs and wishes. I build websites for individuals, businesses and organizations that have never had one, but also, for those who need help with redesigning their websites.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + 3 =