УСЛУГИ

HTML 5 Веб дизајн

Креирам убави веб страници со целосна функционалност користејќи ја најновата HTML 5 технологија. Веб страниците изгледаат убаво и добро функционираат без обѕир дали се прикажани на десктоп компјутер, таблет или мобилен телефон.

WORDPRESS & JOOMLA

Имам повеќе од десет години искуство во создавање на веб страници со популарните платформи за слободен софтвер WordPress и Joomla. Ако сакате вашата веб страница да биде направена со една од овие популарни платформи, можам да дизајнирам соодветен дизајн за вашата веб страница кој изгледа одлично и функционира беспрекорно.

Редизајн на веб сајт

Ако имате стара веб страница која не изгледа модерно и не се прикажува добро на екраните на различни уреди, тогаш е време да се направи редизајн на вашата веб страница. Вашите клиенти пред да комуницираат со вас ја гледаат вашата веб презентација, така што многу е важно да имате професионална веб-страница.

ПОРТФОЛИО

КЛИЕНТИТЕ ЗА УНА ВЕБ ДИЗАЈН

Rada Arshinkovska

ЗА МЕНЕ

Во зимата 2001 година, за време на мојот прв проект во НВО ИМОР, бев задолжена да креирам веб страница за проектот. Така започна мојата голема поврзаност со дизајнирање и развој на веб страници. По проучувањето на Интернет технологијата почнав да работам со Уна Веб Дизајн. Создавам модерни, функционални веб страници кои подеднакво добро се прикажуваат на десктоп, таблет и мобилен телефон, соодветни на потребите и желбите на клиентите.  Креирам веб страници за поединци, бизнис компании и организации кои никогаш немале веб страница, но и за оние на кои им е потребна помош за редизајнирање на нивните постоечки веб страници.
Неодамна почнав да покажувам интерес за блогирање како добар медиум за споделување на знаењето. Затоа ја проширив мојата веб страница со блог Уна Веб Дизајн. Покрај тоа што сакам да работам на компјутер, сакам да читам книги, да патувам, да возам велосипед и да поминувам време со моите пријатели.

КОНТАКТ

СКОРЕШНИ НАПИСИ

jing
Rada Arshinkovska

Jing – корисна алатка за веб дизајн

Програмата е дизајнирана да го поедностави процесот на зачувување и споделување на нештата што се случуваат на вашиот компјутерски екран. Првиот пат кога ќе ја стартувате апликацијата ќе треба да

ПОВЕЌЕ »