Престанете да го користите FeedBurner – Префрлете се на MailChimp

Објавено на Posted in Wordpress

Како нов блогер, се обидов да користам Feedburner email претплата на мојот блог. Но, како што се обидов да го регистрирам FeedBurner видов дека некои функции како FeedBurner API и Google AdSense се исклучени. Тоа ме натера да направам пребарување на интернет и сфатив дека Google го исклучил API-то на 20 октомври 2012 година, AdSense for Feeds на 3 декември 2012 година и дека Google не нуди повеќе поддршка за FeedBurner. Решив да не го користам FeedBurner. Најдов дека MailChimp е многу добар за еmail маркетинг услуга. Со инсталиран MailChimp на вашиот WordPress веб сајт или блог можете да добиете листа на имиња од вашата е-пошта без користење на додаток (plugin). MailChimp е бесплатен ако испраќате помалку од 12.000 пораки месечно или имате до 2000 претплатници. Со MailChimp можете да креирате дневен и неделен билтен, да поставувате автоматски одговор и да ја следите ефикасноста на вашите еmail кампањи со сеопфатни извештаи за аналитика.

1. За да го користите MailChip на вашиот WordPress сајт одете на веб страницата на MailChimp и кликнете на копчето ‘Signup Free’.

2. Напишете ја вашата email адреса и креирајте корисничко име и лозинказа вашата сметка. Кликнете на копчето ‘Get Started’ и ќе бидете префрлени на вашата работна табла на MailChimp.

mailchimp start

3. Прво нешто што треба да направите е да креирате email листа. За да го направите тоа кликнете на копчето ‘Create A List’ .

DashboardMailchimp 1

4. Внесете податоци за името на email листата, email адреса на која корисниците можат да ви пишуваат, потсетник за корисниците кога тие ќе се приклучат на вашата листа, име на компанијата / организацијата, итн. Кога ќе ја пополните листата, кликнете на копчето Save.

Mailchimp List

Треба да ја поврзете вашата email листа со вашата WordPress веб страница. Тоа ќе го направите со креирање на форма за претплата (subscription form). MailChimp располага со вградени основни форми.

Креирање на MailChimp форми за најава (Signup Forms) во WordPress

5. На страната на која се наоѓа листата кликнете на стралката до табот Stats и одберете Signup forms.

форма за најава

6. На следната страница се прикажани разните видови на форми. Одберете Embedded forms.

вградена форма

7. Има три типа на вградени форми – Classic, Slim и Naked. Во овој туторијал се користи Super Slim.

8. На страната за подесување може да одберете кои полиња сакате да бидат прикажани во формата за претплата и да ја поставите широчината на формата. Ако одберете да се прикажат само неопходните полиња, тогаш ќе го видите само полето за внесување на email и копчето за претплата.

форма за претплата

9. Кога ќе завршите, копирајте го кодот од полето – ‘Copy/paste onto your site’. Најавете се на вашата WordPress работна табла. Во левиот панел кликнете на Appearance -> Widgets. Поставете Text елемент (widget) во страничната лента (sidebar) и ставете го кодот во него. Запишете име на елементот на пример Билтен (Newsletter) или Блог Билтен (Blog Newsletter).

претплатничка форма

 

Формата е креирана. Посетете ја вашата веб страница за да ја видите формата за претплата. Формата функционира, но во могу случаи стилот не се сложува со вашата тема.

10. Вратете се во  text елементот (widget) и избришете го делот од кодот што се наоѓа на почеток на MailChimp формата.


<link href="//cdn-images.mailchimp.com/embedcode/slim-10_7.css" rel="stylesheet" type="text/css">
<style type="text/css">
	#mc_embed_signup{background:#fff; clear:left; font:14px Helvetica,Arial,sans-serif; }
	/* Add your own MailChimp form style overrides in your site stylesheet or in this style block.
	   We recommend moving this block and the preceding CSS link to the HEAD of your HTML file. */
</style>

Вашата форма треба даа го има следниот изглед:


<!-- Begin MailChimp Signup Form -->
<div id="mc_embed_signup">
<form action="//unawebdesign.us15.list-manage.com/subscribe/post?u=0f8218605421b9487334be4ba&id=ddd68faac6" method="post" id="mc-embedded-subscribe-form" name="mc-embedded-subscribe-form" class="validate" target="_blank" novalidate>
    <div id="mc_embed_signup_scroll">
	
	<input type="email" value="" name="EMAIL" class="email" id="mce-EMAIL" placeholder="email address" required>
    <!-- real people should not fill this in and expect good things - do not remove this or risk form bot signups-->
    <div style="position: absolute; left: -5000px;" aria-hidden="true"><input type="text" name="b_0f8218605421b9487334be4ba_ddd68faac6" tabindex="-1" value=""></div>
    <div class="clear"><input type="submit" value="Subscribe" name="subscribe" id="mc-embedded-subscribe" class="button"></div>
    </div>
</form>
</div>

<!--End mc_embed_signup-->

11. Додадете го следниот CSS во документот style.css на вашата детска тема.


#mc_embed_signup input.email {
	width:250px;
	height:50px;
	margin-bottom:10px;
}

или на почетокот на text елементот


<!-- Begin MailChimp Signup Form -->
<style type="text/css">
#mc_embed_signup input.email {
	width:250px;
	height:50px;
	margin-bottom:10px;
}
<div id="mc_embed_signup">

Тоа е се. Имате убава претплатничка тема што се сложува со вашата тема.

 


Вие можеби сте заинтересирани да прочитате прилично сеопфатен напис за најдобрите е-мејл сервиси.
e-mail servoces

Rada Arshinkovska

I create modern, high quality, responsive search engine friendly websites, beautifully crafted for my client needs and wishes. I build websites for individuals, businesses and organizations that have never had one, but also, for those who need help with redesigning their websites.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − four =

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.