jing

Jing – корисна алатка за веб дизајн

Објавено на Posted in Usefull Tools

Програмата е дизајнирана да го поедностави процесот на зачувување и споделување на нештата што се случуваат на вашиот компјутерски екран.
Првиот пат кога ќе ја стартувате апликацијата ќе треба да се регистрирате, но регистрацијата не бара потврда на е-пошта. Откако ќе се регистрирате, ќе имате пристап до убавиот кориснички интерфејс на Jing. Jing работи со икона со облик на сонце со три краци. Левиот ви овозможува да снимите нешто на вашиот екран, средниот крак ја прикажува вашата историја на снимање и третиот крак ги дава опциите. Со кликнување на левиот крак можете да повлечете правоаголник околу делот од екранот што сакате да го снимите. Потоа, едноставно одберете дали сакате слика или видео.
Ако изберете слика, ќе добиете преглед на сликата што сакате да ја креирате. Пред да ја зачувате сликата, можете да ја уредувате со Jing со додавање на стрели, поле за текст, рамка и обоена позадина за да привлечете дополнително внимание на делот што сакате да ја истакнете. Тоа го прави Jing одлична алатка за поддршка при подучување или работа од далечина. По уредување на сликата имате четири опции што да правите со сликата. Можете да ја споделите сликата преку веб-страницата на Jing, да ја зачувате во PNG-датотека или да ја копирате. Веб страницата на Jing даво можност за складирање на вашите слики. Кога ќе ја одберете оваа опција, URL-то автоматски се копира на клипбордот така што може да го испратите на е-пошта или да го споделите каде било. Другите опции се очигледни.

Ако сте одбрале копчето за видео можете да снимите што се случува на вашиот екран до времетраење од пет минути. Снименото видео може да се зачува во формат SWF (формат на Flash) или да се зачува на Screencast.com. Споделувањето на врската со складираната верзија повлекува нов прозорец со видео на Флеш. Ова видео може да се гледа на овој екран, но не можете да го вградите видеото на друго место. Плус, на крајот има реклама од пет секунди за Jing.
Со верзијата Jing Pro, можете да го зачувате вашето видео во .mp4 и да го поставите директно на YouTube. Jing Pro, исто така, ги отстранува рекламите од екранот и видео. Но, за повеќето корисници основната бесплатна верзија е доволна за да заштедите еден тон време.

Rada Arshinkovska

I create modern, high quality, responsive search engine friendly websites, beautifully crafted for my client needs and wishes. I build websites for individuals, businesses and organizations that have never had one, but also, for those who need help with redesigning their websites.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 4 =