guest blogging

Како да креирате страница за гости блогери

Објавено на Posted in Wordpress

Поставувањето на напис од страна на некој гостин има бенефиции за авторот гостин во вашиот блог, но исто така и за вас. За вас, придобивка е што сте добиле уште еден напис на вашиот блог, што не морате да го напишете вие. Написот што ќе го постави гостинот на вашата веб страница најверојатно ќе го постави и на неговиот блог, така што ќе се зголеми публиката на вашиот блог. Прифаќајќи го написот напишан од автор гостин во вашиот блог, создавате ново пријателство.
Но, и покрај придобивките кои може да ги имате се изложувате на ризик да бидете поврзани со спам сајтови (т.е. порно, осигурителна компанија итн.). Исто така, може да не бидете задоволни со квалитетот на некој напис или написот да не е поврзан со темите за кои вие пишувате. Се разбира, можете да го одбиете написот, но тоа не изгледа добро, а и непотребно губите време. Според мое мислење, подобро е да го прашате гостинот блогер да ви испрати некои предлози и идеи за вашиот блог. Постојат многу начини да се направи форма на вашата веб-страница, каде што вашите гости блогери можат да ве контактираат. Во овој напис ќе создадеме Google форма. Формата што ќе ја креираме можете да ја видите на мојот сајт тука.
Креирањето на формулар на Google е доста едноставно.
1. Во пребарувачот отворете ја на google forms и кликнете на копчето Go to Google Forms.
2. На страницата на Google Forms кликнете на празна форма со знак +.

google forms

3. На новата форма кликнете на Untitled form и именувајте ја формата по ваша желба. Јас ја нареков формата Формулар за споделување (Share Station). Избришете го прашањето дадено како пример. Кликнете на Untitled Question а потоа кликнете на Trash.

4. Напишете краток опис за формата кој укажува на каков вид на придонес може да се прифати.
5. Кликнете плус за да додадете ново прашање. Од паѓачката листа изберете Краток одговор (Short answer).
6. Кликнете на Untitled Question и напишете го првото прашање – Име . Направете го ова прашање потребно (Required).
7. Повторете ги чекорите 5 и 6 и направете второ прашање –  Е-пошта .
8. Во третото прашање, прашајте го гостинот блогер – Што испраќате? Од паѓачкото мени изберете Прашање со повеќе избори (Multiple choice). Направете го ова прашање потребно.
9. Додајте ново прашање, од паѓачката листа изберете параграф (Paragraph) за да овозможите текст со долг одговор и напишете – Опишете ја вашата содржина (ако сакате да добиете опис за содржината што ви ја испраќаат).

формулар

10. Кликнете на копчето Send.
11. Во прозорецот што ќе се отвори изберете embedded HTML (<>). Кликнете Copy за да ја копирате формата.

embedded form

12. Сега треба да ја поставите формата на вашата страница. Одете на работната табла на вашата веб страница, отворете нова страница, именувајте ја и во табулаторот за текст внесете ја формата. Објавете ја страницата и прегледувајте ја прелистувачот. Вратете се на контролната табла и променете ги висината на формата од 500px до 1300px за да немате лизгање по формуларот.

страница со формулар

13. Вратете се на Google Forms за да го направите стилот на вашата форма. Кликнете на палетата на бои и одберете ја иконата за слика. Изберете од понудените шаблони или Додади слики (Upload photos) за да изберете слика од вашиот компјутер.

form style

14. Кога ќе завршите со стилот на вашата форма кликнете на Responses во вашата форма, за да креирате табеларна пресметка. Во прозорецот Responses одберете го зелениот знак плус, одберете Create new spreadsheet и кликнете Create.

spreadsheet

15. Отворете ја формата со клик на зелениот плус во Responses. Во отворената табела променете ја временската ознака Timestamp во Датум на испраќање (Date Sent). Означете ги сите колони и променете ја нивната ширина.
16. Треба да направите да добивате известување преку е-пошта кога некој ќе ве контактира преку формата што ја креирате. Одете во менито до Алатки (Tools) и кликнете на правила за известување (Notification rules).

Алатки

17. Во прозорецот Set notification rules for Notify me at… одберете A user submit a form, за Notify me with… одберете Email – right away, кликнете на Save и Done.

Вашата форма е подготвена за користење.

Rada Arshinkovska

I create modern, high quality, responsive search engine friendly websites, beautifully crafted for my client needs and wishes. I build websites for individuals, businesses and organizations that have never had one, but also, for those who need help with redesigning their websites.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten − five =