photograph

Веб страници за превземање на бесплатни слики

Објавено на Posted in website

Сликите имаат значајна улога во секој блог, веб страница, социјални медиуми, приватни или комерцијални проекти. Во Google можете да најдете многу слики, но тие често имаат ограничување на авторските права. Постојат многу веб сајтови кои обезбедуваат слики со висок квалитет што можете да ги користите слободно без да ставате никакви атрибути. Ова е мојата листа на апсолутно бесплатни веб сајтови кои имаат висококвалитетни слики што можете да ги користите за комерцијална употреба, на вашата веб-страница, блог, социјални медиуми, приватни и професионални проекти без да наведете никакви кредити.

bloc notesUnsplash:

unsplash
Unsplash нуди слики со висока резолуција и 100% бесплатни– без атрибути, без зачленување, и без ограничување каде ќе ги користите. Можете да се запишете на Unsplash за да добивате 10 нови слики на вашата е-пошта секои 10 дена.

Адреса на веб сајтот: unsplash.com

bloc notesStocksnap:

StockSnap

Сите фотографии поставени на StockSnap се објавуваат под Creative Commons – CC0, тие се ослободени од ограничувања за авторски права и не бараат наведување на атрибути. Стотици нови слики се додаваат неделно и можете да ги видите според датумот кога се поставени и бројот на посети.

Адреса на веб сајтот: stocksnap.io

bloc notesPixabay:

pixabay

Бесплатни фотографии и слики (вклучувајќи и векторски слики). Pixabay е меѓународна заедница за споделување на квалитетни слики и еден од најдобрите ресурси за фотографии. Лесно е да ги пронајдете сликите што ги барате. Иако членството не е потребно, тоа е бесплатно и пријавувањето ќе ви овозможи да го заобиколите дополнителното најавување „Captcha“.

Адреса на веб сајтот: pixabay.com

bloc notesPexels:

pexels

Pexels обезбедува висококвалитетни и потполно бесплатни фотографии лиценцирани според лиценцата Creative Commons Zero (CC0). Сите фотографии се убаво обележани лесно се пребаруваат.
Pexels секој месец додава најмалку 3.000 фотографии со висока резолуција во колекцијата на бесплатни фотографии, која моментално брои повеќе од 25.000.

Адреса на веб сајтот: pexels.com

bloc notesGratisography:

gratisography

Бесплатни слики со висока резолуција што можете да ги користите за вашите лични и комерцијални проекти. Нови слики се додаваат секоја недела! Сите слики немаат ограничувања за авторски права.

Адреса на веб сајтот: gratisography.com

bloc notesFreerange Stock:

freerange

На оваа страница можете да добиете бесплатни фотографии ако сте регистриран корисник. Регистрацијата е бесплатна. Нивните слики дозволено е да ги користите за комерцијални проекти како што се веб сајтови, реклами, книги, видеа и други комерцијални презентации.

Адреса на веб сајтот: freerangestock.com

bloc notesMorguefile:

morguefile

Morguefile е уште една веб страница која нуди бесплатни слики што можете да ги преземете и користите во вашата работа.

Адреса на веб сајтот: morguefile.com

bloc notesPhotogen:

photogen

Photogen, исто така, обезбедува слики кои се бесплатни за комерцијална и лична употреба. Сликите не се за препродажба или редистрибуција. Фото галеријата Photogen FREE редовно се ажурира со нови фотографии и слики со висока резолуција.

Адреса на веб сајтот: photogen.com

Има многу други веб сајтови кои нудат бесплатни фотографии – но овие се по мој избор. Можете да разговарате во коментарите за вашите омилени веб страници за наоѓање слободни фотографии.

 

Rada Arshinkovska

I create modern, high quality, responsive search engine friendly websites, beautifully crafted for my client needs and wishes. I build websites for individuals, businesses and organizations that have never had one, but also, for those who need help with redesigning their websites.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 − 10 =