Поврзете ја вашата веб страница на е-пошта на Gmail

Објавено на Posted in website

Овој напис е наменет за оние кои имаат е-пошта на својот домен, но не сакаат да ги прегледуваат своите пораки на страници за е-пошта на трети лица. Скоро сите имаат Gmail сметка во Google, што е и најсигурна е-пошта. Поврзувањето го доменот со е-пошта на Gmail е едноставен и може да се направи со следниве чекори:
1. Пријавете се на Gmail и кликнете на иконата за подесување што се наоѓа во горниот десен агол.
2. Во прозорецот што ќе се отвора одберете го табот Accounts and import во делот Check mail from other accounts кликнете на Add a mail account.

сметки

add a mail account

3. Во прозорецот Add a mail account внесете ја адресата на е-пошта  од вашиот домен и кликнете Next.

4. Во следниот прозорец, одберете Import emails from my other account (POP3) и кликнете Next.

frame-2

5. Во полето Username внесете ја вашата цела email адреса што сакате да ја вклучите во Gmail. Во полето Password внесете лозинка за адресата што ја внесовте.
Во полето за POP Server внесете mail. вашатавебхостингадреса.com
Селектирајте ги опциите што одговараат на вашите потреби:

  • Leave a copy of retrieved messages on the server
  • Always use a secure connection (SSL) when retrieving mail * (Do not select this opption)
  • Label incoming messages
  • Archive incoming messages

Кликнете на Add account.

frame3

6. Во полето Name, внесете го вашето име и презиме. Во полето Email address внесете ја адресата на е-пошта на вашиот домен . Оставете ја селектирана опцијата Treat as an alias и кликнете на Next Step.

frame 4

Вашата адреса ќе биде внесена во Gmail и можете да одберете дали сакате одговорите од оваа адреса да се испраќаат како да доаѓаат од поштата на вашиот домен.
7. Во прозорецот Send mail through your SMTP server, во полето SMTP Server внесете mail. вашатавебхостингадреса.com. Оставете ја портата Port 587. Во полето Username внесете ја целата адреса на вашата домен е-пошта. Во полето за Password, внесете ја вашата лозинка. Оставете го селектирано полето Secured connection using TLS (recommended). Кликнете на Add account.

frame 5

8. Останува само да се направи верификација. Пријавете се со адресата на вашиот домен и проверете ја е-поштата од тимот на Gmail. Копирајте го кодот за потврда, ставете го во полето Entre and verify the confirmation code и кликнете Verify.

frame 6

Вашата е-пошта на доменот е поврзана со Gmail. Честитки.

 

Rada Arshinkovska

I create modern, high quality, responsive search engine friendly websites, beautifully crafted for my client needs and wishes. I build websites for individuals, businesses and organizations that have never had one, but also, for those who need help with redesigning their websites.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − 3 =