УСЛУГИ
HTML 5 Веб дизајн
Креирам убави веб страници со целосна функционалност користејќи ја најновата HTML 5 технологија. Веб страниците изгледаат убаво и добро функционираат без обѕир дали се прикажани на десктоп компјутер, таблет или мобилен телефон.
WORDPRESS & JOOMLA
Имам повеќе од десет години искуство во создавање на веб страници со популарните платформи за слободен софтвер WordPress и Joomla. Ако сакате вашата веб страница да биде направена со една од овие популарни платформи, можам да дизајнирам соодветен дизајн за вашата веб страница кој изгледа одлично и функционира беспрекорно.





Редизајн на веб сајт
Ако имате стара веб страница која не изгледа модерно и не се прикажува добро на екраните на различни уреди, тогаш е време да се направи редизајн на вашата веб страница. Вашите клиенти пред да комуницираат со вас ја гледаат вашата веб презентација, така што многу е важно да имате професионална веб-страница.
ПОРТФОЛИО
- All
- HTML 5 Веб Дизајн
- WordPress & Joomla
- WordPress
- Редизајн на веб сајт
КЛИЕНТИТЕ ЗА УНА ВЕБ ДИЗАЈН



ЗА МЕНЕ
Во зимата 2001 година, за време на мојот прв проект во НВО ИМОР, бев задолжена да креирам веб страница за проектот. Така започна мојата голема поврзаност со дизајнирање и развој на веб страници. По проучувањето на Интернет технологијата почнав да работам со Уна Веб Дизајн. Создавам модерни, функционални веб страници кои подеднакво добро се прикажуваат на десктоп, таблет и мобилен телефон, соодветни на потребите и желбите на клиентите. Креирам веб страници за поединци, бизнис компании и организации кои никогаш немале веб страница, но и за оние на кои им е потребна помош за редизајнирање на нивните постоечки веб страници.
Неодамна почнав да покажувам интерес за блогирање како добар медиум за споделување на знаењето. Затоа ја проширив мојата веб страница со блог Уна Веб Дизајн. Покрај тоа што сакам да работам на компјутер, сакам да читам книги, да патувам, да возам велосипед и да поминувам време со моите пријатели.
КОНТАКТ
СКОРЕШНИ НАПИСИ

Како да се користи CSS позиционирање при креирање на шаблон на веб страна
За да се постави некој елемент на шаблон за веб страница може да се искористат следните пет вредности за својството CSS position: static, absolute, relative, fixed и sticky. Својството CSS

Додавање на поле со информации за авторот во WordPress со код
Додадете поле со информации за авторот на крајот од секој напис за да ги информирате вашите читатели за тоа кој сте и што правите. Ако вашата тема нема вградена функција

Веб страници за превземање на бесплатни слики
Сликите имаат значајна улога во секој блог, веб страница, социјални медиуми, приватни или комерцијални проекти. Во Google можете да најдете многу слики, но тие често имаат ограничување на авторските права.